08/06/2025

Завршни зборови на судењето за модуларната болница во Тетово

Денеска во Основниот суд во Тетово треба да се одржат завршните зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку крвични дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година, кога животите ги загубија четиринаесет лица. На 6-ти месецов заврши доказната постапка во судскиот процес со сослушување на последните сведоци.

Судијата Јордан Велковски на минатото рочиште, по завршување на сведочењата ги праша адвокатите, дали обвинетите ќе даваат исказ, на што тие одговорија дека обвинетите нема да даваат свој исказ.

За кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ се теретат поранешните директори Флорин Бесими и Артан Етеми, додека директорот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се терети за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Тие на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година.

Споделете