Хашим Тачи го негирал постоењето на „Жолтата куќа“

Поранешниот лидер на ОВК и претседател на Косово, Хашим Тачи, при денешното обраќање пред судот изјави дека „Жолтата куќа“ никогаш не постоела, ниту пак трговијата со органи и дека очекува да биде ослободен од сите други обвиненија.
Тачи рече дека кога извештајот на Дик Марти се појавил во медиумите пред 13 години, тој веднаш побарал од меѓународната заедница да спроведе независна истрага.
-Меѓународната заедница ме информираше дека Специјалниот суд е од суштинско значење за да се отфрлат тие мрачни наводи за трговија со органи кои му се припишуваат на Косово. Светот сега знае дека немало трговија со органи, жолтата куќа никогаш не постоела, а ниту ОВК ниту јас вината за тоа што ни се пропишува, рече Тачи.