08/06/2025

Илија Спасески не се чувствува виновен за тепањето на Пендиков

Илија Спасески од Охрид, обвинетиот за нанесувањето тешки телесни повреди врз Христијан Пендиков, не се чувствува за виновен во случајот.

– Јасно ми е обвинението, но не се чувствувам за виновен, рече Спасески на второто рочиште од судскиот процес во Основниот суд во Охрид.

Натепаниот Христијан Пендиков не дојде ниту на денешното рочиште на кое му се суди на Илија Спасески. Судијата и пред јавноста посочи дека пропаднал обидот за да му се достави покана за рочиште на Пендиков. На ова, адвокатот Стефан Карамишевски, бранител на Пендиков кажа дека оштетениот има здравствени проблеми.

Засега непознато е дали Пендиков, кој има својство на оштетен, но и сведок, ќе дојде во охридскиот суд за да сведочи. По нападот, тој замина за Бугарија, каде што има обезбедување, а доби и стипендија и стан.

Споделете