09/06/2025

Нов асфалт добиваат и улиците ,,Бранко Заревски” и ,,Ниџе Планина” во Драчево

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, денес на својата фејсбук страна објави дека во Драчево се асфалтираат неколку улици кој досега никогаш не биле обновени или асфалтирани. Вкупната површина е околу 2000 метри квадратни, а се очекува да бидат завршени во наредните 10 денови.

-Денес сме во населбата Драчево, каде со отпочнатите активности нов асфалт ќе добие улицата ,,Бранко Заревски” на потегот од крстосницата помеѓу ,,Славка Динкова” до ,,Малешевска”, напиша Ѓоргиевски.

Нејзината близина до ООУ ,,Рајко Жинзифов”, до пазарот и поврзаноста со главната улица ,,Славка Динкова”, говори за каква важна сообраќајна артерија се работи, но говори и за негрижата во минатото бидејќи истата не е реновирана од изградбата во минатиот век, додава тој.

Ѓоргиевски објави дека се поставува и ново модерно штедливо осветлување, а се решава и проблемот со атмосферските отпадни води кои ќе се одведуваат во попивателни бунари.

Споделете