Стапката на невработеност во четвртиот квартал во 2022 година изнесувала 14%

Стапката на невработеност во Македонија во четвртиот квартал во 2022 година изнесувала 14%. Стапката на активност во овој период е 54.9, а стапката на вработеност 47.2, соопшти Државниот завод за статистика.
Во четвртото тримесечје од 2022 година, активното население во Република Македонија изнесувало 802.280 лица, од кои вработени се 690.053, а 112.227 лица се невработени.