Игор Пехчевски: Сега кога лекот е тука и на клиниките – ЈАС ЛЕКОТ НЕ ГО ДОБИВ!

Игор Пехчевски е пациент кој боледува од цистична фиброза. Од болничкиот кревет во кој лежи реагира дека сè уште не го добил лекот „трикафта“, иако лекот е веќе на клиниките.
Сè додека не го објавив транспарентот од болничкиот кревет, никој не знаеше што е болеста цистична фиброза, ни медиумите, ни македонската јавност, а камо ли за лекот „трикафта“. А, сега, кога лекот е тука, на клиниките, јас лекот не го добив. Ги прашувам надлежните – дали ние останатите ќе го добиеме лекот навреме, затоа што болеста секојдневно е непредвидлива и прогресивна“, напиша Пехчевски.