08/06/2025

Пронајдена дрога при претрес во Охрид

На 01.03.2023 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.П.(34) од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од кокаин.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете