08/06/2025

Ѓорѓиевски: Ова е класична тортура врз учениците, наставниците и сите граѓани на Македонија

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски апелира до надлежните институции да превземат сериозни чекори за да престане тортурата врз учениците, наставниците и граѓаните на Македонија.

ЗЕЛС апелира и го повикува МВР да преземе сериозни чекори за пронаоѓање на испраќачите на маил пораки за поставени бомби низ училиштата во Скопје и другите градови, напиша Ѓорѓиевски на фејсбук.

„Родителите повеќе не се должни и не можат да го издржат овој притисок кој секако е плод на неодговорно однесување на некои субјекти, но и е плод на неможноста на МВР да стави крај на оваа ерозија на системот!

Ова не е ситуација која се случува од пред неколку дена туку со месеци и претставува тортура за граѓаните.

Како претседател на ЗЕЛС, го повикувам министерот Спасовски да ги заврши објаснувањата како не можат да ги најдат сторителите, бидејќи во системот и МВР и тој е поставен за министер токму да ги најде сторителите.“, додава тој.

Во продолжение неговиот статус во целост:

Споделете