Јаневска: МВР да си ја работи работата, МОН да најде начин да ги надомести изгубените часови

Наставата е во комплетен прекин. Дојавите за бомби достигнаа бројка од 45 училишта. Родителите на основците револтирани од неспособноста на Владата, секојдневно ги напуштаат работните места за да си ги приберат децата и да ги остават сами дома за да продолжат со онлајн настава. Онлајн настава нема, Тимсот паднал. Оној Тимс кој требаше да го користат децата уште во Корона кризата, имало проблеми со лиценцата. Толку од дигитализацијата, вели Весна Јаневска, претседателка на комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа потенцира дека родителите на социјалните мрежи се организираат да протестираат под мотото “Доста со експерименти со нашите деца”. МВР молчи, МОН молчи.
– Почитувани, 4 години во Македонија образованието е во колапс. Штетата е трајна и ненадоместлива. Децата ја плаќаат цената на неспособноста на Владата. Овие деца еден ден ќе треба да ја носат на свој грб државата, нашата татковина. Но, очигледно Владата тоа не ја интересира. Таа со денови се реконструира, истакнаа таа.
Јаневска го повика МВР да си ја работи работата и да ги обезбеди училиштата 24 часа и неспособноста да не ја затскрива со изјавата дека сме во хибридна војна. Го повикувам и МОН под итно да изнајде начин да се надокнади пропуштеното додека сеуште има барем малку време.
– Всушност најдобро за сите нас е веднаш да се распишат избори и да се смени власта, затоа што почитувани во државава настава нема, ама и леб нема, рече Јаневска.