Фудбалерите на ПСЖ се разочарани и депресивни по поразот од Марсеј, Купот на Франција беше нашата цел, истакна менаџерот Галтие!

Meнаџерот на Париз Сент Жермен, Кристоф Галтие зборуваше за елиминацијата од Олимпик Марсеј во Купот на Франција.
-Многу сме разочарани. Купот на Франција беше една од нашите цели. Бевме победени од одлична екипа. Треба да се научи лекцијата. Немавме доволно шанси во вториот дел, треба да играме поопасно. Фудбалерите се разочарани и депресивни. Сега не треба да кажуваме ништо за емоциите, треба да продолжиме да работите, фокусирајќи се на себе, рече менаџерот.
ПСЖ синоќа во осминафиналето од Купот на Франција загуби н агостувањето кај Марсеј со 2:1.