08/06/2025

Бугарин шетал со два ножа во Oхрид. Приведен од МВР

ohrid

Во текот на вчерашниот ден во 11 часот во трговски центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, го лишија од слобода И.Н.И.(22) од Република Бугарија.

При преглед, кај него пронајдени и одземени се два ножа, со што сторил прекршок по член 80 од Законот за оружје.

Тој е предаден на Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид.

Споделете