Град Скопје од денес е без јавен превоз

Денес започна штајкот на Јавното сообраќајно претпијатие на Град Скопје. Синдикатите во ЈСП вчера донесоа одлука, денес во 4:30 минути да започнат со активен штајк, а градот да го остават без јавен превоз.
Оваа одлука доаѓа по неисплаќањето на заостанатите плати во претпијатието, за кое надлежно е Градот Скопје.
Во меѓувреме, советниците на градот вчера на вонредна седница изгласаа Одлука со која се задолжува градоначалникот на Град Скопје да пренамени средства од градот кон ЈСП со цел да се исплатат заостанатите плати на вработените.
Градоначалничката Данела Арсовска треба да ја потпише одлука најдоцна до утре, петок до 12 часот напладне.