08/06/2025

ФИФА со казна за фудбалерите на Уругвај

Фудбалерите на Уругвај и официјално се на казнениот список на ФИФА. Причина за ваквата одлука се немилите настани по завршувањето на натпреварот со Гана во третото коло на СП во Катар.

Тогаш Уругвајците протестираа кај судиите имаше и физички контакт, а беше уништена и ВАР опремата на стадионот. Фернандо Муслера и Хозе Хименез добија суспензии од по четири натпревари, додека Единсон Кавани и Диего Годин по еден меч.

Револтот кај Уругвајците беше тоа што не добија пенал во судиското продолжение. Тие победија со 2:0, а при резултат 3:0 ќе се пласираа во следната рунда. Исто така тие ќе треба да извршат општокорисна работа поврзана со фудбалот и заедно ќе платат парична казна до 20.000 швајцарски франци.

ФА на Уругвај ќе плати кана од 50.000 швајцарски франци за однесувањето на навивачите и членовите на стручниот штаб.

Споменатите фудбалери ќе почнат да ја одработуваат казната во наредните мечеви под капата на ФИФА.

Споделете