Трагедија во Италија: Мајка заспала и си го задушила новороденчето

Немилиот настан се случил на 8 јануари во болницата Сандро Пертини во Рим.
Властите започнале истрага, а резултатите од обдукцијата се очекуваат во рок од 60 дена. Пораѓањето на 30-годишна жена траело 17 часа. Според болничките прописи, персоналот требало да се погрижи бебето да биде вратено во посебно креветче по доењето. Обвинителите ќе истражуваат дали во овој случај се прекршени тие правила, односно дали имало невнимание од страна на болничкиот персонал.
Една жена во блискиот кревет наводно сфатила дека новороденчето е во животна опасност и повикала помош, но детето починало пред да дојде медицинскиот персонал. Таткото на детето рекол дека болничарите го одбиле барањето на неговата исцрпена партнерка да го однесат бебето за да може да одмори неколку часа, пишува The Guardian.
“Мојата клиентка рече дека одеднаш се разбудила и видела дека нема бебе до неа. Потоа ја однеле во друга соба и ѝ ја соопштиле трагичната вест”, рекол Алесандро Пиомби, адвокатот на мајката.
Кога во јавноста дојде веста за оваа трагедија, се јавија многу мајки кои поминале низ слична ситуација во италијанските болници.
„Ова можеше да ѝ се случи на секоја од нас. По 15 часа породување и итен царски рез, заспав исцрпена со ќерка ми Џулија на градите. Се разбудив врескајќи затоа што веќе не беше покрај мене, мислев дека паднала на подот. За среќа, тоа не беше случај, мајка ми ја однела во креветчето“, напишала една жена на социјалните мрежи.
Синдикатите велат дека ова се случило поради недостаток на персонал. Џовани Леони, потпретседател на италијанското медицинско здружение, во декември рече дека сите болнички одделенија немаат медицински работници, особено по пандемијата што предизвика егзодус од професијата.
Локалниот здравствен орган одговорен за болницата „Сандро Пертини“ ги отфрла наводите за несоодветна постпородилна нега и објавиле дека нема недостиг од кадар во одделението.