Леонел Меси се враќа во Барселона?

Најдобриот фудбалер на последниот Мундијал во Катар и најголема ѕвезда во дресот на францускиот гигант ПСЖ, Лионел Меси, не е веќе сигурен дека сака да го продолжи договорот со тимот од „Паркот на принцовите“ и би можел да се врати во редовите на каталонскиот гигант Барселона, објави тиражниот шпански весник „Марка“.
Аргентинецот има договор со популарните „светци“ до крајот на актуелната сезона, а пред СП 2022, наводно, постигнал вербален договор со раководните лица на ПСЖ за продолжување на соработката до 30. јуни 2024 година.
- Со освојувањето на светската титула Меси ја исполни последната цел која ја имаше во кариерата. Аргентинецот би сакал до крајот на кариерата да игра таму каде што сака да игра. Ако се има предвид дека освојувањето титули во Франција со ПСЖ не го радува, а не му е посебен мотив ниту освојувањето на Лигата на шампиони со тој клуб, неговото враќање во Барселона е многу реално, наведува „Марка“.
Истиот медиум притоа додава дека аргентинскиот капитен би морал да се согласи на големо кратење на платата доколку сака да се врати на „Ноу Камп“.
Меси (35) го носеше дресот на Барселона од 2004 до 2021 година и постигна 474 гола на 520 натпревари, а потоа поради тешката финансиска состојба во која се најде каталонскиот клуб, реши да ја прифати понудата на ПСЖ.