08/06/2025

Почина бразилската фудбалска легенда Пеле

Денес, после долго боледување во болницата во Сао Паоло, во 82 година од животот почина бразилската фудбалска легенда Едсон Арантес до Насименто- Пеле.

Едсон Арантес до Насименто е роден на 23 октомври 1942 во Трес-Коракоеш, град во југоисточен Бразил. Пораснал во сиромаштија во градот Бауру и рано почнал да работи во локални кафулиња. Татко му го научил да игра фудбал, но семејството не можело да си дозволи да му купи топка, па Пеле често шутирал топка од чорапи на улица. Прекарот Пеле го добил на училиште, иако никој не знаел што значи тоа. Пеле призна дека никогаш не си го сакал прекарот, затоа што му звучел многу бебешки.

Својот последен натпревар за бразилската репрезентација Пеле го одигра на Маракана во Белград во 1971 година против репрезентацијата на Југославија. Мечот заврши нерешено, а Пеле го оттрча својот почесен круг пред публиката која не ги криела емоциите за крајот на кариерата на еден од најдобрите фудбалери во светот.

Заради својот ангажман во спортот, Бразил го прогласи Пеле за надионално богатство.

Споделете