08/06/2025

Мицкоски изгради куќа за семејството Лазаревски од селото Градиште кое живееше во трошна куќа без елементарни услови за живот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски поддржан од други хумани луѓе, изградил нова куќа за семејтвото Лазаревски од селото Градиште за кое беше објавена сторија дека живеат во трошна куќа и без елементарни услови за живот.

„Пред месец и половина, моето семејство преку медиумите дозна за тешкиот живот на едно семејство во селото Градиште. Ова семејство на малите ангелчиња Ивана, Ангела, Јована, Јован и Велика живееше во импровизиран дом, трошна куќа без елементарни услови за живот. Таа слика не може да остави никого рамнодушен, а најмалку да гледаш дека тука во твојата татковина растат дечиња кои немаат спокојно и безгрижно детство. Тешката судбина на едно семејство не смее и не може да биде само туѓа судбина, таа треба да биде мотив секој од нас да направи колку може да донесе радост во нечиј живот.“– напиша Мицкоски во својата објава.

„Денес сум особено среќен што имав шанса да придонесам за малку среќа за ова семејство, да изградам дом заедно со хуманите луѓе кои помогнаа во оваа моја иницијатива. Успеавме со донации, но и со труд и работа за месец дена да изградиме нова куќа, нов дом за петте ангели да можат заедно да ја почувствуваат празничната топлина. Нема поголема среќа од тоа да ја видиш искрената детска насмевка и нивната чиста детска радост. Им благодарам на сите кои ме поддржаа и помогнаа семејството Лазарeвски да доживее подобро утре.“– додава тој.

Мицкоски додава дека ова не го прави за промоција, туку со срце и волја да ги повика сите оние кои можат во овие тешки времиња да им помогнат на тие кои имаат помалку, да им подадат рака, да им го олеснат тешкиот живот и да им покажат дека хуманоста сè уште живее во сите наши срца.

Споделете