08/06/2025

Гордана Сиљјановска – Давкова очекува доблест за оставки од дел од членовите во Судски совет


Дел од членовите на Судскиот совет против  кои е поднесена интерпелација треба да бидат доблесни и да си поднесат оставка. Вака шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова ја коментира иницијативата која парламентарното мнозинство ја поднесе против 5те члена за кои таа посочи дека и до сега очекувала да се повлечат од своите функции иако вели свесна е дека интерпелациите кај нас имаат недоречности и немаат извесен крај но додава дека  логично е тие што назначуваат да имаат ингеренции и да разрешуваат.

Денеска и премиерот Мицкоски со порака до парламентарците да одлучуваат по сопствена воља и да учествуваат во расправата за интерпелацијата на членовите на Судски совет бидејќи има основ за кривична дискусија и дебата  Сепак не пропушти прилика и тој да укаже дека  доколку интерпелацијата биде изгласана петте члена на ова тело  да бидат доблесни и да заминат.

Во меѓувреме опозоциските партии веќе ги пеглаат своите ставови иако голем дел од нив во ова гледаат мешање на извршната врз судската власт откако СДСМ побараа средба за изнаоѓање заедничко натпартиско решениен за состојбите во судството, ДУИ на ицијативата за интерпелација гледаат преседан, а пак Левица иако посочија дека и тие не ја разгледале иницијативата за гласање недоверба на дел од членовите на судскиот совет посочија дека власта се обидува да наметне политичко влијание врз ова тело и велат нивните предлог измени за кривична одговорност во кривичниот законик се далеку подобро решение.

За утре пак Уставниот суд  најави дека на седница  ќе расправа за оспорениот Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по иницијатива поднесена од Павле Трајанов во 2023 година.

Како што наведува Уставниот суд, подносителот на инцијативата навел дека оспорените законски измени се спротивни на владеењето на правото, заштитата на правото на сопственост и еднаквоста која ја промовира Уставот. Во иницијативата е наведено дека со овие измени една категорија граѓани се привилигирани, наспроти правосилно осудените лица кои добиваат дискриминаторски третман и за нив не важи намалувањето на казните.

Споделете