Гордан Сиљановска – Давкова: Македонија има шанси за деблокада од Бугарија во преговорите за влез во ЕУ

Постои исчекор во односите меѓу Бугарија и Македонија кој што може да доведе до деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес смета претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Според неа, решението може да се најде во директни средби меѓу политичарите од двете страни на кои би се разговарало и преговарало за се што е на маса.
“Да, гледам деблокада. Процесот не зависи само од нас, зашто ние покажавме невидена и нечуена кооперативност кога е во прашање нашата евроинтеграција. Мислам дека треба да се разговара, да се преговара. По моите сознанија, има исчекор. Јас и во Аушвиц се видов со претседателот на Бугарија. Меѓу нас има пријателски дијалог, разбирање, Очекувам во директните средби да се разговара за можните решенија” – вели Сиљановска Давкова.
Силјановска Давкова ја искоментира и објавата на поратлот “ЕУРОАКТИВ” каде што последните пораки од бугарската Влада се дека Македонија нема шанси за нови директни разговори со Бугарија со цел забрзување на евроинтегративниот пат. Според неа, потребна е добра волја помеѓу двете земји но и активни разговори. И тврди дека македоската страна ќе остане отворена за дијалог со официјална Софија.
Премиерот Хирстијан Мицкоски денеска кажа дека се уште немал контакт со новата бугарска влада, односно со неговиот колега Росен Жељасков. Но очекува, дека на маргините на безбедносната конференција во Минхен министерот за надворешни работи да оствари средба со неговиот колега од бугарската страна.
Бугарија на 16 јануари со гласање во бугарскиот парламент по подолго време доби нова редовна политичка влада, по што се очекуваше Скопје и Софија повторно да воспостават преговори за олеснување на евроинтеграциите на Македонија. Претходно македонската влада често споменуваше дека основен услов за деблокирање на евроинтеграциите е формирање на редовна влада и надминување на изборната криза во Бугарија.