08/06/2025

Седница за пратенички прашања во Собранието

Собранието денеска ќе ја одржи 32. пленарна седница на која на деневен ред се пратенички прашања.

Седниците за пратенички прашања се одржуваат последниот четврток во месецот, а според воспоставената практика, први за поставување прашања на премиерот и министерите се пратениците од опозицијата.

На паузата, се очекува да се одржи продолжението на 33. седница и да се гласа за измените на Законот за инспекциски надзор.

Претходно, претпладнето претседателот на Собранието Африм Гаши ќе го одржи редовниот месечен брифинг со новинарите.

Споделете