08/06/2025

Финансова спроведe акција за апсење на лице поврзано со случајот „Државна лотарија“

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, потврдил дека Финансиската полиција спроведува акција за апсење на лице поврзано со случајот „Државна лотарија“ кое треба да биде спроведено во обвинителство.

На прашање дали има сознанија во врска со изјавата на министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочовска, која на денешната собраниска седница кажа дека поради злоупотреба на буџет е уапсено едно лице, Ивановски одговори потврдно.

-Да, точно е, Финансиската полиција уапси едно лице поврзано со случајот „Државна лотарија“. Да почекаме да го однесат во обвинителство па ќе споделиме повеќе информации, рече директорот.

Минстерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство посочија дека ќе ги проверат наводите и потоа ќе информираат.

Помеѓу осомничените во случајот со Државна лотарија се и поранешниот вицепремиер, Артан Груби и ексдиректорот на Лотарија, Перпарим Бајрами, кои се во бегство.

За двајца од осомничените во случајот постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Проневера во службата, а за уште четири лица е поведена постапка за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.

Споделете