08/06/2025

ЈСП нe дава бесплатен превоз за студенти

Овој јануари студентите во Скопје ќе останат без бесплатен јавен превоз со автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП).
Владата до крајот на оваа година нема да донесе одлука за продолжување на мерката, што ќе го стави на пауза остварувањето на ова право кое е значаен дел од студентскиот стандард. Од владата тврдат дека ќе се донесе одлука за продолжување на бесплатниот јавен превоз за студентите во текот на јануари, што значи дека бесплатниот превоз најверојатно ќе продолжи во февруари.

Споделете