09/06/2025

Се зголемува износот кој може да го добиете од скенирање на сметки

Владата на денешната седница го утврди и текстот на Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии.

Со предложените измени, се зголемува највисокиот дозволен износ којшто може да се врати на едно физичко лице за едно календарско тримесечје, односно, се планира највисокиот износ којшто може едно лице да го оствари, како право на поврат на дел од данокот на додадена вредност, да се зголеми од 1.800 на 2.100 денари по квартал за едно физичко лице.

Споделете