ДОНАЛД ТРАМП е новиот претседател на САД

Американците одлучија- Доналд Трамп е се поблиску до официјализирање на победата на претседателските избори во САД.
Трамп веќе ги освои потребните 270 електорални гласови кои се потребни за избор на претседател, а оваа победа му ја донесоа гласовите од сојузните држави Џорџија и Пенсилванија за кои резултатите до последен момент беа неизвесни.
Во текот на денот се очекуаат повеќе детали од останатите држави каде гласовите се уште не се пребројани, но истите не би направиле поголема разлика во резултатот.
За победата на Трамп напиша и неговиот најголем поддржувач, Илон Маск, кој на платформата Х (икс) објави дека народот му дал кристален мандат за промени на новиот претседател.
The people of America gave @realDonaldTrump a crystal clear mandate for change tonight
— Elon Musk (@elonmusk) November 6, 2024