Пародија во Битола или како „Македонска крвава свадба“ стана бугарска?

На настан на клубот Ванчо Михајлов кој официјално не постои во Македонија, бугарските агипропи во земјата ја присвоиле и „Македонска крвава свадба“. Колку инфантилно и да звучи, македонската крвава свадба според нив била бугарска?!?! Говорниците на настанот рекле дека Војдан Чернодрински е бугарски преродбеник и дека „Македонска крвава свадба“ претставува дел од бугарското културно наследство, како и олицетворение на борбата за слобода на Бугарите. Говорникот Калин Крумов објаснил дека двајца млади се вљубуваат, но Турците ја грабаат девојката, а Бугарите се спротивставуваат. Имаат само еден „мал“ проблем. Придавката МАКЕДОНСКА…
На 1 ноември, три дена пред прославата на 80-годишнината од oслободувањето на Битола, бугарскиот клуб организираше настан посветен на бугарските преродбеници.
Говорниците на настанот рекле дека Војдан Чернодрински е бугарски преродбеник и дека „Македонска крвава свадба“ претставува дел од бугарското културно наследство, како и олицетворение на борбата за слобода на Бугарите. Говорникот Калин Крумов објаснил дека двајца млади се вљубуваат, но Турците ја грабаат девојката, а Бугарите се спротивставуваат.
Потпретседателката на македонското Собрание и пратеничка на ЗНАМ, Весна Бендевска, денеска официјално се обрати до Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Битола со сериозно известување. Во него, таа укажа на загрижувачкиот факт дека бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, иако беше избришан од Централниот регистар во март минатата година, продолжува да функционира. Според Бендевска, клубот активно објавува содржини на социјалните мрежи кои се сметаат за провокативни и насочени против националните чувства на македонскиот народ, неговата историја, јазик и култура.
Ако има индиции за незаконито дејствување, веднаш ќе поднесам нова кривична пријава против Љупчо Ѓоргиевски, поранешниот претседател на ова здружение“, изјави Бендевска.
Инаку, бугарски клуб претходно беше отворен и во Охрид.