09/06/2025

Деветнаесет пливачи пријавени за Охридскиот маратон

Фото: Архива

Oхридскиот пливачки маратон оваа година ќе се одржи по 37-ми пат. Главната трка на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид, ќе се одржи в сабота на 31 август.

На стартот закажан за 11:00 часот ќе се најдат вкупно деветнаесет пливачи од девет земји. Во машка конкуренција ќе пливаат единаесет пливачи, меѓу кои тројца македонски маратонци: Леонид Мишевски, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски. Во женска конкуренција ќе настапат осум пливачки.

Наградниот фонд на маратонот изнесува 12.000 евра, од кои 2.000 се предвидени за најбрзите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови.

Охридскиот пливачки маратон и оваа година е дел од Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид со поддршка на Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор е ПК Охридски бранови 2008 – Охрид.

Споделете