09/06/2025

Временска прогноза за ден 28.08.2024

Времето денес се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. UV=6

Во Скопје слично, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.

Следните неколку денови ќе бидат сончеви со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме и UV=6.

Споделете