08/06/2025

Mapија Митева: Од СДСМ да кажат дали се оградуваат од планот на ДУИ за дестабилизација, во спротивно ќе покажат дека се соучесници

ДУИ незадоволна од тоа што е во опозиција со месеци прави потези кои имаат за цел да финализираат со дестабилизација, но изјавата на претседателот Христијан Мицкоски ги осуети нивните планови па сега бараат начин да се регрупираат. 

ДУИ треба да одговори кој го работи сценариото со кое сакаат да ја доведат државата до дестабилизација. Нарачаните анализи или како и да ги нарекуваат нивните памфлети за дефокус од вистинските причини не поминуваат. СДСM да не молчат и да не се кријат, мислејќи дека на никој нема да му текне да ги праша, дали ги поддржуваат ДУИ во идејата за дестабилизација на државата или не.

ДУИ се соголија, признаа дека планираат протести и дестабилизација на државата, затоа доколку СДСM веднаш не се оградат ќе значи дека и сега како и до сега во власта, се само помал партнер за правење на криминал во режија на ДУИ.

Венко Филипче ќе покаже дека само чека насока од Maла Речица за да знае кој политички дискурс да го фати.

Молкот од СДСM, пак, покажува до кое дереџе дојде оваа партија, која наместо да биде конструктувна опозиција е привезок на ДУИ за дестабилизација и темн сценарија.

СДСM имаат уште малку време да излезат од прегратките на ДУИ и да се оградат од нивните планови.

Знаеме дека Венко Филипче е уплашен за себе, свесен дека ќе треба да одговара, но тој треба да знае дека соработката со ДУИ нема да го спаси, бидејќи и нивните планови веќе пропаднаа, а тој само се соголи пред целата јавност.

Споделете