08/06/2025

Угина царскиот орел што беше спасен кај Пониква

Царскиот орел, што бил спасен од пожарите кај Пониква угинал пред два дена во Скопската зоолошка градина.

Орелот по угинувањето бил однесен на Факултетот за ветеринарна медицина-ФВМ при УКИМ, Скопје каде што од страна на стручни лица – професори, се врши обдукција за да се утврди точната причина за угинувањето, информираа надлежните.

Македонското еколошко друштво по добивањето на финалниот обдукциски извештај ќе ја соопшти причината за смртта на царскиот орел.

Кочанските пожарникари го спасија орелот кој беше пронајден заглавен во громобранска инсталација на викендичка на Пониква.

Споделете