СДСМ со обвинување дека ВМРО-ДПМНЕ нема ништо превземено за загадениот воздух

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја обвинува оппозициската ВМРО-ДПМНЕ дека и по една година локална власт и власт во Градот Скопје нема ништо превземено за загадувањето на воздухот.
Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и во општините и покрај алармантната ситуација со загадениот воздух не презема ништо за да се заштити здравјето на граѓаните,реагира СДСМ. Скопје деновиве е меѓу градовите со најзагаден воздух на светот, иако ВМРО-ДПМНЕ во кампањата пред граѓаните ветуваа дека ќе реализираат низа мерки за да стават крај на овој проблем. Се што прават локалните власти на ВМРО-ДПМНЕ во изминатата година не е спречување, туку поттикнување на загадувањето. Јавниот превоз не функционира, јавните претпријатија се во катастрофална состојба. Трикратно ги намалија средствата за животна средина во градскиот буџет, а сериозно намалени беа и средствата за субвенционирање на набавката на инвертори од страна на физички лица. Нема ниту еден од петте најавувани мега паркови, а дивите депонии не само што не се чистат туку постојано никнуваат и нови. Центарот на Скопје и многу урбани населби се преплавени со смет. Ова е последица на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која се интересира само провизиите и рацете во медот, но не и за интересите и потребите на Скопјани. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособните градоначалнци- велат од владејачката партија