09/06/2025

Митото на ГП „Табановце“ пронајдено во картонска кутија

Во картонска кутија на ГП ,,Табановце” од страна на полицијата пронајдени се банкноти од апоени во денари, евра, швајцарски франци, американски долари и турски лири, потврдија за Телма полициски извори.

Вечерва на Граничниот премин Табановце имаше акција на Обвинитрлството за гонење на организиран криминал и корупција и полицијата,  во рамки на истрага за злоупотреба на гранични полицајци и цариници.

Акцијата предизвика повеќечасовен застој на преминот и незадоволство на граѓаните кои со часови чекаа да влезат во Македонија.

Споделете