Одреден 30-дневен притвор за велешанецот кој ја прегази малата Магдалена

Ангелче Николов, велешанецот кој со автомобил во саботата ја усмрти 11-годишната Магдалена, а тешко ја повреди нејзината мајка и побегна од местото на несреќата, денес доби 30-дневен притвор.
Судија на претходна постапка го прифати барањето на обвинителството, кое отвори истрага за две кривични дела. Ќе го гони и за сообраќајката со смртни последици, но и за тоа што побегна и не им пружи помош на повредените.
За овие кривични дела е предвиден затвор од пет до 15 години