08/06/2025

Неколку улици во Центар и Гази Баба утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“- Скопје известува дека во текот на утрешниот ден неколку уливи во Центар и Гази Баба ќе бидат со прекинато водоснабдување.

На ден 21.12.2022г. поради изведување на водоводен приклучок на Ф-200мм на ул. Индустриска 1 бр. 25 Гази Баба, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Индустриска 1, вклучително Универзитетот ФОН и Офис Плус. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со приклучокот.

Во Центар пак, поради промена на вентил во шахта на ул. Никола Вапцаров бр.7 (пред Ловечка Федерација), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Димитрие Чуповски (потегот од ул. Македонија до Министерство за Правда). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување.

Споделете