Симоне Инзаги е прогласен за најдобар тренер во Серија А

Тренерот на италијанскиот шампион Интер Симоне Инзаги, е прогласен за најдобар помеѓу тренерите во Серија А оваа сезона.
На едно коло до крајот на првенството, екипата на Интер има дури 19 поени предност пред второпласираниот Милан.
Инзаги во својата тренерска кариера, освен во Интер, ги предводеше и Лацио.