08/06/2025

Вучиќ: Најмногу ме погоди што Македонија гласаше за Сребреница

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, вчера во интервју за ТВ Прва се пожали дека најмногу го погодило тоа што Македонија гласаше за поддршка на Резолуцијата за геноцид. Вучиќ изјави дека тоа што Црна Гора гласала за не го погодило бидејќи тоа го очекувал, но оти е разочаран од гласот од Македонија.

– Ме погоди Македонија.Без разлика на приказната дека тоа е претходната влада, а од претходната влада ќе кажат не сме ние туку Албанците  и ќе има безброј оправдувања.Најмногу вложив во односите со нашите македонски браќа и тие за нас секогаш ќе бидат браќа, но односот не е фер.Се покажа дека Грција имаше поголема „кичма“ од Македонија. Тоа ме погоди а Црна Гора не бидејќи тоа го очекував, појасни Вучиќ.

Споделете