НИКОЈ НЕ СЕ НАФАЌА ДА ГО БРАНИ: Палевски ќе добие адвокат по службена должност

Љупчо Палевски – Палчо ќе добие адвокат по службена должност, велат последните информации по денешниот распит каде Палевски беше изведен пред судија на претходна постапка.
Тони Менкиновски, Славчо Секуловски и Јовица Страшевски не прифатиле да му бидат бранители, па во судскиот процес, согласно законот, судот ќе му додели адвокат по службена должност, пишува Либертас.
Палевски по екстрадицијата од Турција, се наоѓа во 30 дневен притвор во притворскиот затвор Шутка.