09/06/2025

Силно невреме го зафати Куманово и регионот

Денеска во попладневните часови силно невреме го зафати Куманово и кумановскиот регион. Од Регионалниот центар за управување со кризи – Куманово информираат дека е пријавена штета на кров од викендица во Младо Нагоричане и уништени се родни дрвца, во липковско има пријави на штети на земјоделски површини.

Интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер попладнево го зафати поширокиот кумановски регион. Во неколку села во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане имаше појава на град.

Во урбаните средини во Куманово поради големата количина на дожд и недостиг на атмосфера канализација водата се слева по улиците.

На улицата „11 Октомври” пријавена е поплава на дворно место во чија близина има трафостаница за што е информирана ЕВН, соопштија од РЦУК-Куманово.

Споделете