08/06/2025

Роберт Фицо ќе биде опериран во Банска Бистрица, се наоѓа во животна опасност

Словачкиот премиер Роберт Фицо врз кого беше извршен обид за атентат со хеликоптер итно бил пренесен во Банска Бистрица каде ќе му биде извршена итна операција.

На објавената фотографија може да се види како Фицо покриен со бел чаршав на носилки дури го транспортираат кон болницата.

Во соопштението на Владиниот кабинет се наведува дека животот на Фицо е во опасност.

Од итната служба претходно соопштија дека хеликоптерот немал време да стигне во болницата во Братислава поради тешката состојба во која бил премиерот и затоа е пренесен во болоницата во Банска Бистрица.

Споделете