09/06/2025

(ВИДЕО): ОБИД ЗА АТЕНТАТ на словачкиот премиер Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо, денеска бил застрелан во градот Хандлова каде се одржувала седницата на Владата на Словачка.

Според првичните информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде ги поздравувал луѓето и во тој момент се слушнале истрели, јавува Гардијан.

Според информациите, премиерот бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како обезбедувањето го внесува ранетиот Фицо во автомобил.

Застреланиот премиер со хеликоптер е префрлен во болница во Братислава.

Министерството за внатрешни работи на Словачка соопшти дека се работи за атентат.

Местото каде што се случило пукањето е евакуирано, а за останатите членови на Владата се грижеле полицајци и обезбедувањето.

Засега нема официјални информации за состојбата на Фицо, а напаѓачот е уапсен на лице место.

Неколку минути по пукањето, на интернет се појави видео на кое се гледа како полицијата го апси атентаторот.

На видеото се гледа како петмина полицајци во општиот метеж и паника го апсат напаѓачот.

Споделете