09/06/2025

Наредена евакуација во Индонезија: Повторно еруптира вулканот Маунт Руанг

Илустрација

Денеска повторно еруптираше вулканот Маунт Руанг во Индонезија и поради тоа властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво и наредија итна евакуација во радиус од шест километри од вулканот.

Ерупцијата на вулканот кој се наоѓа во провинцијата Северен Сулавеси, предизвикала облаци од пепел и чад во висина од 2 километри, соопштуваат од индонезиската геолошка агенција.

Од агенцијата ги повикаа жителите во погодените области да ги следат наредбите за евакуација и да носат маски за заштита од пепелта.

Денешната ерупција следува по зголемената вулканска активност забележана во средината на април.

Индонезиските власти претходно издадоа и предупредување за цунами и го подигнаа нивото на тревога за вулканот откако имаше неколку големи ерупции, исфрлајќи пепел во височина од 3.000 метри.

Ерупциите ги натераа властите да го затворат аеродромот Сем Ратуланги во Манадо, кој се наоѓа на околу 100 километри од вулканот.

Последната ерупција на вулканот Маунт Руанг се случи во 2002 година.

Споделете