Tројца полицајци убиени во престрелка во Северна Каролина

Во американската сојузна држава Северна Каролина вчера биле убиени најмалку тројца полицајци, а уште неколку други се повредени.
Имено, вчера полицијата во градот Шарлот при извршување налог за апсење за нелегално поседување огнено оружје посетиле маж со криминално досие, изјави началникот на полицијата Џони Џенингс.
Кога полицијата пристигнала во домот на лицето, тој отворил оган. Полицајците потоа пукале и го убиле напаѓачот, но од куќата повторно биле испукани истрели.
Потоа полицијата успеала да го обезбеди објектот и да уапси две лица во куќата. Тие се водат за лица од интерес и се на распит.
За време на операцијата биле застрелани осум полицајци, рече Џенингс. Тројца им подлегнале на повредите, а еден е во критична состојба.
Џенингс дополни дека за време на операцијата биле застрелани осум службеници, тројца им подлегнале на повредите, а едно лице е во критична состојба.