08/06/2025

Де Брујне постави рекорд во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне стана сопственик на рекорд во англиската Премиер лига.

Белгиецот вчеравечер го одигра својот 18-ти првенствен натпревар на кој постигна две или повеќе асистенции. Тој е лидер по оваа статистичка категорија во историјата на лигата.

„Граѓаните“ победија со 2:0 и со 79 бода се на втората позиција на табелата зад Арсенал кој има 80, но и натпревар повеќе.

Оваа сезона 32-годишниот Де Брујне одигра 21 натпревар за Сити, постигна шест гола и беше творец на 16 асистенции.

Споделете