08/06/2025

Блинкен во посета на Саудиска Арабија, Јордан и Израел

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен од денеска до среда ќе ги посети Израел, Јордан и Саудиска Арабија, а денеска тој пристигна во Ријад како дел од посетата на регионот, соопшти Стејт департментот.

Како што е наведено во соопштението, на средбите ќе се разговара за тековните напори за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците.

Стејт департментот додава дека ќе се разговара и за зголемување на хуманитарната помош испорачана во Газа.

„Секретарот, исто така, ќе ја нагласи важноста од спречување на ширење на конфликтот и ќе разговара за тековните напори за постигнување траен мир и безбедност во регионот“, соопшти Стејт департментот.

Споделете