Австралиската полиција го карактеризираше нападот во црквата за терористички акт

Австралиската полиција излезе со соопштение дека вчерашниот напад со нож за време на црковната служба во близина на Сиднеј ќе биде третиран како терористички акт.
Полицијата вчера го уапси 15-годишното момче откако во асирската црква во Вејкли, нападна четири лица со нож, меѓу кои и епископот на црквата. Повредените, вклучувајќи го и напаѓачот се добиле со полесни повреди.
Нападот се случи за време на проповед што била емитувана во живо.
Ова е втор напад во околината на Сиднеј во изминатите денови. Имено, на 13 април со нож беа усмртени шест лица во трговски центар во Сиднеј, а напаѓачот беше застрелан од полицијата. Сепак тој инцидент не е окарактеризиран како терористички акт.