09/06/2025

ПССЕ ќе расправа за барањето на Косово за членство

Денеска во Стразбур, Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе расправа за препораката за прием на Косово во членстовот на организацијата.

Пред пратениците ќе се најде предлог-мислењето за барањето за членство на Косово, со кое се препорачува влез на Косово во Советот на Европа.

Грчката пратеничка, Дора Бакојани го изготви документот кој беше усвоен на 27 март од Комисијата за политички прашања на ПССЕ.

Доколку Парламентарното собрание на Советот го усвои предлог-мислењето, конечната одлука за членството на Косово ќе ја донесе Комитетот на министри на Советот на Европа во мај.

Документот ќе го разгледуваат пратениците на 46-те земји членки на Советот на Европа.

Комитетот го поздрави овој „голем чекор“ на неодамнешното спроведување на пресудата на Уставниот суд на Косово од 2016 година, со која се призна сопственоста на 24 хектари земјиште на манастирот Високи Дечани.

Враќањето на земјиштето во манастирот беше еден од трите услови за влез во Советот на Европа. Останува формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство и прегледот на контроверзните екпропријации во општините со српско мнозинство на косово, вклучувајќи го и имотот на СПЦ.

Тие два услови се означени во нацрт-мислењето како „постпристапни обврски на Косово“ што мора да ги исполни по приемот во Советот, јавува Бета.

Во документот, дополнително, се наведува дека формирањето на ЗСО ќе допринесе да се обезбеди заштита на правата на косовските Срби и дека ПССЕ треба да очекува Приштина да преземе „суштински и конкретни чекори“ за нивно воспоставување.

Комитетот посочи дека експропријациите мора да се спроведат „со најстрого почитување на законот“ и во целосна согласност со планот на Марти Ахтисари.

Констатирајќи го влошувањето на безбедносната состојба во општините на северот на Косово, Комитетот посочи дека „ризикот од отворено насилство во Косово е многу реален“ и додаде дека безбедноста зависи од „заштитата на правата на српската заедница, деескалација на тензиите и нормализација на односите меѓу Косово и Србија“.

Констатирајќи ја влошената безбедносна состојба во општините на северот на Косово, Комитетот посочи дека „ризикот од отворено насилство во Косово е многу реален“ и додаде дека безбедноста зависи од „заштитата на правата на српската заедница, деескалација на тензиите и нормализација на односите со Србија“.

Споделете