Европската комисија и соседна Бугарија ќе спроведуваат заедничка кампања за премин од левот на евро

Европската комисија и Pепублика Бугарија потпишаа договор за партнерство за организација на информативни и комуникациски кампањи за премин на земјата од бугарскиот лев кон еврото, како дел од подготвителните чекори за влез на Софија во Еврозоната.
Договорот го потпишаа извршниот потпретседател на Европската комисија за економија во интерес на луѓето Валдис Домбровскис, еврокомесарот за економија Паоло Џентилони и бугарската вицепремиерка и министерка за финансии Људмила Петкова.
Како што соопшти Еврокомисијата, Договорот е потврда на нејзината заложба за поддршка на организацијата на информативни и комуникациски кампањи за преминот кон еврото во Бугарија, откако земјата ќе ги исполни сите критериуми за тоа.
– Тој е и основа за подготовка и потпишување на Договор за грант, кој ќе и овозможи на Комисијата да ги кофинансира комуникациските активности за преминот кон еврото во Бугарија, се додава во соопштението.