Универзална сала: Вработените во еден момент слушнале дека нешто пукнало

Веќе е изгасен пожарот кој ја зафати универзалната сала. Пожарникарите пристигнаа навреме и се справија со огнената стихија којасалата која со години стои руинирана и никако да се реновира.
На местото беа присутни повеќе противпожарни екипи, но пристапот кон објектот е отежнат поради што сè уште не може да се интервенира.
Вработени во Универзална за „360 степени“ кусо изјавија дека во еден момент слушнале дека нешто пукнало, виделе чад, по што веднаш се јавиле во противпожарната служба.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, вели дека на единствениот број за итни случаи112 е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на булевар „Партизански одреди“, во Скопје. „Гори една од куполите на објектот. ТППЕ Град Скопје се на лице место.
Досега нема пријава за повредени, останува надлежните да ги соопштат причините поради кои изби пожарот.