ПМГ Конструктион прославува пет години постоење на македонскиот пазар

ПМГ Конструктион градежна компанија која веќе пет години е лидер на македонскиот пазар во областа од градежништвото.
Доказ за нивната успешност се наградите и признанијата кои ги добиваат на европските натпреварувања. Во 2022 година, проекти на ПМГ Конструктион го освоија првото, односно второто место во Европа за избор на најдобар објект за колективно домување домување и во повеќесемејни станбени објекти.
„Ветивме многу работа и една многу успешна приказна исполнета со стотици проекти.
На почетокот тргнавме чесно, со многу труд и со една најголема желба: PMG CONSTRUCTION да биде една од битните компании во Македонија која ќе гради бренд за годините понатаму.
Денес, во 5 годишното постоење, за PMG CONSTRUCTION знае и Европа, не само Македонија..
Во моментов сме повторно пред најголемиот предизвик, во финалето на Европското Првенство за најубави фасади во Словенија, како и на првата позиција според онлајн гласањето.
Во наредните 5 години се обврзуваме да го продолжиме патот кој го започнавме, да работиме чесно со цел, отварање нови работни места, учество во креирањето на буџетот на државата, како и помош за семејствата и фирмите во случај на елементарни кризи, како што беше случај со Ковид здравствената а по неа и економската криза.
Ветуваме уште илјадници завршени проекти, како и секој пат дека ќе се бориме компанијата достојно и на најдобар начин да ја претставува Македонија на странските натпреварувања.
Сонот без реализација и напорна работа, останува само сон! “ – се вели во објавата на официјалната фејсбук страница на PMG CONSTRUCTION.
Им посакуваме уште многу успеси и уште долги години постоење.