Пристигнаа нови 400.000 обрасци за лични карти

Дополнителниот технички заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како што претходно најави, во емисија на ТВ „Клан Македонија“ потврди дека во саботата пристигнале нови 400.000 обрасци за лични карти.
– Овие 400.000 обрасци веќе од саботата се во магацините на МВР. Тоа е континуирана испорака која доаѓа. Во нормални услови никогаш не би соопштиле, но во време на лажни вести, јас одлучив секоја нарачка да ја соопштувам во јавност
Бојмацалиев претходно рече дека е информиран од управните служби при МВР на ниво на државата, дека сепак не е решен проблемот со одобрување на личните документи.
„Бројката на неодобрени документи е над 50.000 и во текот на денешниот ден ќе упатам писмо за состанок заедно со раководството на управните служби и министерот Тошковски, да го надминеме овој проблем“, потенцираше Бојмацалиев.