Културните работници незадоволни од проекциите за минимална плата

На 22.03.2024 година, врз основа на член 4 од Законот за минимална плата, Министерството за труд и социјална политика ја објави новата минимална плата за 2024 година.
Со Колективниот договор за култура основицата за пресметка на плата е минималната плата.
Согласно Општиот Колективен Договор за јавен сектор од септември 2023 година, основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува 10 %.
Министерство за културатреба да ги почитува овие две одредби од двата Колективни договори и на тој начин да ја исплати платата на вработените во културата за месец Март.
Институциите од културата, платата за месец март треба да ја изготват согласно Колективниот договор за култура и Општиот Колективен Договор за јавен сектор.
Секој што ќе изготви и исплати плата за месец март без почитување на работничките права на вработените во култура, ќе сноси последици. Синдикатот на културата на Република Македонија ќе покрене постапки против секој учесник во кршењето на Законите и Колективните договори.
До Бисера Костадиновска Стојчевска од Синдикат на културата на Република Македонија!